Синоќа во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, се случила тешка сообраќајна несреќа со смртни последици за четворица учесници, од кои за тројца е утврдено дека се работи за државјани на Република Македонија, инфомираат од Министерството за надворешни работи.
Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко.
Претставниците на Конзулатот и Амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.
Иако поради велигденските празници комуникацијата со италијанските служби се одвива забавено, нашите дипломатски претставништва остануваат во комуникација со цел прибирање дополнителни информации за деталите околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата.
Дозволете да информираме дека на располагање се дежурните телефони на:
– Генералниот конзулат во Венеција +39 327 935 1698,
– Амбасадата во Рим +39 351 336 3919
– како и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075 273 732.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.