На 23.09.2024 во 21:00 часот во СВР Скопје, 25-годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од женско лице за сума од околу 11.000 денари.
Според пријавеното, тој на интернет забележал оглас за работа во странска земја објавен од лицето, по што стапил во контакт и потоа во два наврати ги уплатил парите.
Како што е пријавено, откако по трет пат му било побарано да уплати пари на социјална мрежа забележал коментари дека повеќе лица биле измамени од истата личност, по што сфатил дека и тој е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.