Мигранти се пронајдени во неколку возила низ земјава.
На 29.08.2022 во 01:30 часот кај место викано „Осмиците“ на регионалниот пат Струмица – Суви Лаки, во патничко возило комби „мерцедес“, оставено покрај патот, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево биле пронајдени две лица- мигранти од Сирија.
Подоцна, во 07:45 часот при проверка на теренот, во близина на местото биле пронајдени 35 лица мигранти, од кои 28 од Сирија, 6 од Пакистан и 1 од Индија, меѓу кои и две малолетни лица.
Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар Винојуг во Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.