Во градинка во Струмица на 3 јуни се случи немил настан кога метална статива падна врз глава на дете, предизвикувајќи му сериозни повреди. Според информациите добиени од очевидци, инцидентот се случил кога децата играле на отворено во дворот на градинката.
Настанот предизвика голема загриженост меѓу родителите бидејќи според информациите на Струмица Денес од МВР, случајот сѐуште не е пријавен во полиција.
-Во врска со вашето прашање Ве известуваме дека на 03.06.2024 во СВР Струмица не е пријавен настан случен во градинка во Струмица. СВР Струмица има постапувано по ваков настан по насоки дадени од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, стои во соопштението на МВР.
Повеќе прочитајте ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.