На бројот за итни случаи – 112, синоќа регистрирана е пријава за напад од мечка врз овци во општина Гостивар, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Добиена е пријава во 20.45 часот, за убиени и изедени овци во село Равен. Пријавителот информирал дека во вторникот, мечка му убила и изела шест овци. Трлото, каде што го чувал стадото, било на периферија на селото Равен. По пријавата во ЦУК, на терен излегле од ПС – Гостивар, наведуваат од ЦУК.

Како што додаваат, по утврдувањето на состојбата на терен, ќе се преземат следни чекори од надлежните министерства, институции, јавни претпријатија и од локалната самоуправа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.