Во близина на езерото Треска вчера во 16.25 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Сарај, бил приведен Л.В.П.(59), полски државјанин, соопштија денеска од МВР.
Тој бил затекнат со патничко возило „мерцедес“, со полски национални ознаки, а при извршена проверка било констатирано дека нема пријавен престој во државата, додека при преглед во возилото била пронајдена поголема количина на лекови во форма на таблети без соодветна документација за потекло и за нивен транспорт.
По документирање на случајот, се наведува во соопштението, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.