Вчеравечер околу 21:45 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 36-годишниот
Ф.А. од гостиварско село, кој бил пријавен од неговата 25-годишна сопруга дека половина час пред тоа физички ја нападнал неа и нивниот малолетен син.
Од СВР Тетово велат дека Ф.А. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.