Инцидент се случил утринава во пунктот на Министерството за внатрешни работи (МВР) кај полициската станица „Пролет“ кога му се слошило на еден повозрасен маж додека чекал ред за фотографирање за лични документи, пренесува „Плусинфо“, додавајќи дека според присутните граѓани, човекот одеднаш паднал во бесознание и се струполил на земја, по што била повикана Брза помош.

Екипата на „Плусинфо“ разговараше со лекарите кои објаснија дека на пациентот му се слошило најверојатно поради долгото време поминато на нога, но дека че биде добар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.