Вчера во ОВР Струга било пријавено дека во Здравствениот дом во Вевчани бил донесен починат А.М.(62) од струшкото село Октиси.

Лекар констатирал смрт, а од преземените мерки било констатирано дека тој бил прегазен од трактор, кој почнал неконтролирано да се движи додека А.М. изведувал градежни работи во дворот.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и полициски екипи и по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.