етовската полиција информира дека е лишен од слобода 25-годишник од Голема Речица, осомничен за кражби на три електрични тротинети и велосипеди.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 19 часот и 45 минути, во тетовска Мала Речица, го лишиле од слобода 25-годишниот А.Р. од ова село, поради сомнение дека изминатите неколку месеци извршил три кражби на електрични тротинети и велосипеди, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

По целосно расчистување и документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.