Вечерва непосредна пред зградата на Владата, на булеварот „Илинденска“ се случила сообраќајка несреќа, во која учествувале неколку возила.
На самото лице место има екипи на Брзата помош, но засега нема информации за повредени.
Полициски екипи во моментот вршат увид на местото на несреќата.
Откако дел од медиумите објавија дека во едно од возилата во сообраќајката бил и вицепремиерот Бојан Маричиќ, тој самиот ја демантираше оваа вест.
Не е точно, не сум имал сообраќајна несреќа. Демантирам и за јавноста и за моето семејство да знае, рече Маричиќ во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.