Вчера во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со убодни рани бил донесен малолетник од с.Кучевиште, скопско.

Според пријавеното, кај Транспортниот центар во Скопје тој бил физички нападнат од група малолетници, при што еден од нив со остар предмет му нанел убодни рани.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.