Мало мече е усмртено откако во нео изутринава удрило возило на патниот правец Гостивар Охрид. Нема повредени лица.
Според пријавата на единствениот повикувачки број за итни случаи 112, сообраќајната несреќа се случила во 05.37 часот кај вториот каменолом на патот Гостивар Охрид.
На местото на несреќата, присутни се полициски службеници од полициска станица Гостивар и увидна екипа. Исто така, известени се и Националниот парк Маврово и ТППЕ – Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат, информира Регионалнит центар за управување со кризи – Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.