Кривична пријава е поднесена против стружанка, поради сомнение дека ги присилила нејзините деца да питачат во Дебар, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

– ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Н., на возраст од 38 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, со запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, своите три малолетни деца ги присилила да питачат во Дебар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.