Мајката која ја принудувала малолетната 14-годишна ќерка на сексуални услуги доби 15 години затвор, а екс полицаец кој учествувал во чинот заработи казна од 18 години затвор.

Ваква е одлуката на скопскиот Апелациски суд.

Мајката призна дека ја запознала ќерката со полицаецот и ја носела во неговата куќа, каде што тој вршел полови дејствија врз девојчето, а за возврат мајката добивала 2.000 денари.

Вината ја призна и екс полицаецот.

Судот констатираше дека поради сериозноста на кривичното дело максималната казна е 20 години, но поради признанието, казната е 18 години затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.