Стрниште, запалена трска и големо количество стари автомобилски гуми горат покрај магистралниот пат Кочани-Виница, информира Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на Регионалниот центар за управување со кризи од Штип.
Како што посочуваат оттаму од запаленото стрниште се запалила високата трска во којашто имало фрлено големо количество стари автомобилски гуми.
Пожарот е пријавен во 14:20 часот. На терен биле испратени три противпожарни возила со осум пожарникари кои спречиле ширење на пожарот. Додека траела акцијата за гасење на пожарот сообраќајот на тој патен правец бил во прекин.
Ситуацијата се следи од страна на ЦУК и пожарникарите кои се на терен, велат од ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.