Дечко и девојка од Скопје се пријавиле меѓусебно во полиција по физички инцидент.

Прво, како што сооштува МВР, во понеделникот околу 17.30 часот во СВР Скопје, 22 – годишник од Скопје пријавил дека на 11.10.2024 околу 13.30 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 26-годишна партнерка од Скопје, која оштетила и дел од покуќнината.

Вторникот наутро, пак, во 05.00 часот, и неговата партнерка пријавила дека на 09.10.2024 на подрачјето на Центар тој физички ја нападнал неа, а со нејзиниот поранешен партнер двајцата имале физичка пресметка.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.