Познатиот фудбалер Живанилдо Виеира де Соуза, попознат како Хулк, некогаш беше еден од најплатените фудбалери во светот. Но, и сега, на 36 години, тој покажува импресивна форма додека се подготвува за новата сезона.

Бразилецот по 15-годишно отсуство се врати во татковината каде настапува за Атлетико Минеиро. Напаѓачот му помогна на клубот да ја врати титулата во 2021 година, постигнувајќи 36 гола. Неговите последни објави на Инстаграм покажуваат дека се уште е во добра форма.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clube Atlético Mineiro (@atletico)

Хулк најпрво се прослави во Порто, на кој му се приклучи во 2008 година, а со нив освои десет големи титули, како и Лигата на Европа во 2011. Неговите 35 гола таа година го одбележаа неговиот престој во Европа, а на крајот се пресели во Зенит.

Русите искешираа околу 60 милиони фунти, а Хулк им се „оддолжи“ со 75 гола на 144 настапи за четири години, пред да замине во Кина. Тој помина пет сезони во Шангај СИПГ, каде неговата годишна плата беше неверојатни 16 милиони фунти, пред да се врати во Бразил.

Но, Хулк исто така се најде на насловните страници за неговиот животен стил надвор од фудбалските терени. Тој ја остави својата сопруга Иран Анџело, со која беше заедно повеќе од 10 години и со која имаше три деца, за нејзината внука Камила. Експлозивниот љубовен триаголник го наиде на тешки критики од јавноста кон него.


Лагите и нелојалноста се како ножеви. Тие ни го сечат месото, нè тераат да крвариме, да се исушиме, да умреме одвнатре. Но, за оние кои го имаат Бога во нивните животи, ова умирање значи повторно раѓање. Јас се преродив со секое доживеано разочарување и секое отркивање на лагите затоа што Исус ме направи силна, вели Иран Анџело за „Mирор“.

Посебна критика упати кон нејзината внука Камила Анџело, која сега има дете со фудбалерот.

Ѝ дадов сè на таа девојка од моментот кога пристигна на овој свет. Толку пати ги жртвував моите соништа за таа да може да ги постигне своите. И не зборувам само за материјални работи, бидејќи е лесно да ги дадеш кога имаш пари. Зборувам за љубов, внимание, почит… сè. Ги знаеше моите слабости, несигурности, болки, стравови и ја имаше мојата безусловна љубов. Ја мислев дека е совршена во сè и секогаш го споделував со неа мојот живот. Ако згрешив, Боже, тоа беше затоа што премногу ја сакав и ѝ верував, рекла огорчената Иран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.