Локализиран е пожарот што денеска на пладне избувна на автоплац во струшкото село Велешта, информира за МИА командирот на Територијалната противпожарна единица Струга, Фети Мазари.
Според него, брзата реакција на пожарникарите спречила ширење на огнот кон околните куќи, причинета била материјална штета, а опожарени се неколку возила. На терен интервенирале со четири противпожарни возила од Стуршката пожарна и едно возило од Охридската.
Поради пожарот и густиот чад кој излегуваше од гумите што горат, сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар, беше регулиран со наизменично пропуштање возила.
Информацијата, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, била пријавена околу 14 часот во Полициската станица во Струга.
– Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар, кај струшкото село Велешта, каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот, изјави Димоски.
Струшките пожарникари интервенираат и на пожар во близина на црквата „Света Богородица“ во селото Ложани, каде гори сува трева и грмушки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.