Утрово во 7:30 часот е локализиран шумскиот пожар во кој гореше нискостеблеста деградирана и дабова шума на планината Лисец, меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште. Се уште чади во високиот дел од планината на карпите и засега нема опасност по шумата, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според нив, штетата по шумскиот фонд треба да ја утврдат екипи на Шумското стопанство „Бабуна“, кое стопанисува со шумата. Шумарите, еколозите и љубителите на природата и планината потенцираат дека штетата направена по животната средина е непроценлива.
Овој шумски пожар беше пријавен во Регионалниот центар за управување со кризи во Велес во саботата попладне, во 17:50 часот, а во негово гаснење вчера беа вклучени најпрво екипи на ШС „Бабуна“ од Велес, а потоа и екипа од вработени во Општина Чашка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.