Локализиран е пожарот што синоќа го зафати атарот на селото Бигла. Пожарот бил регистриран кај месноста Илинчина ридина, а во неговото гаснење учествуваа мештани и вработени во Национални шуми.
На терен остануваат дежурни екипи на Национални шуми.
Екипи на Територијалната противпожарна единица во Делчево синоќа биле на местото на пожарот, но поради немањето услови, со гаснење на пожарот утрово продолжиле вработени во Национални шуми.
Според првичните информации, зафатена е борова шума чија опожарена површина допрва ќе се утврдува. Засега не се познати причините за пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.