Во последниот извештај на Министерството за внатрешни работи, се наведува дека скопјанец лажно се претставувал како вработен во државна институција, нудјќи им на четворица сограѓани за паричен надоместок, да им посредува во вадење на одобренија. Измамените признале дека во неколку наврати му дале пари, но не добиле за возврат ништо.

– На 11.11.2022 во 20,10 часот во Полициска станица Карпош Е.А. (29) од Скопје пријавил дека во временскиот период од октомври 2020 година до ноември 2022 година, тој, а потоа и Е.Ш.(24), Е.И.(36) и Б.С.(38), по претходен договор во неколку наврати му дале пари на Д.А., кој се претставил како вработен во државна институција, во врска со посредување од страна на пријавениот за вадење на одобренија, при што до денот на пријавување Д.А. не им ги обезбедил бараните документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во извештајот на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.