Вчеравечер околу 2 часот во СВР Скопје, З.З.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Бутелска“ од залутано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки.
Полициски службеници од Полициска станица Чаир излегле на местото, при што било констатирано дека од залутано зрно било оштетено и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.Н. (24) од Скопје, како и продажен објект и казино.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.