Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Џ.Р.(41) од Тетово пријавил дека околу 13.50 часот на патот од Скопје кон Тетово, кај клучка Сарај, додека го управувал неговото патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, слушнал звук на предното стакло од возилото и забележал дека е оштетено од заталкано зрно од огнено оружје.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.