Женско лице од Куманово доби кривична пријава поради измама, за дело од 2020 година.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Ј.В.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во септември 2020 година во с.Радожда, пријавената се сретнала со друго женско лице и се договориле за сума од 500 евра да ѝ направи работна виза за Швајцарија.
Оштетената ѝ ги дала парите, но до денот на пријавување С.Ј.В. не направила работна виза, ниту ги вратила парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.