Кумановец бил измамен за набавка на огревно дрво. Од СВР Куманово соопштија дека измамениот платил 6.000 денари, но не ги добил огревните дрва.

Вчера во 14:40 часот во СВР Куманово, 39-годишна жена од Куманово пријавила дека нејзиниот свекор бил измамен од едно лице за сума од 6.000 денари. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, тоа заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило – соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.