Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти, на подрачјето на Кисела Вода, го уаспиле К.Д.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Тој на 15.01.2023 во 02.26 часот, на ул.„Козле“, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел повреди на М.М.(54) од Скопје, информираат од МВР.

К.Д. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.