Против 45-годишен струмичанец и против правен субјект од Струмица се поднесени кривични пријави за даночно затајување.

Осомничениот Н.Б. во својство на управител на правниот субјект, во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година не платил данок на личен доход во износ од 280.048 денари со затезна камата за ненавремено плаќање во износ од 24.183 денари.

 

Исто така, во периодот од 1 јануари 2019 година до 30 септември 2021 година не платил данок на додадена вредност во износ од 518.078 денари.

 

Со ова е предизвикана штета на Буџетот во висина од 822.309 денари – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.