Единицата за економски и компјутерски и криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”.

Пријавената, во текот на 2021 година примила 43.532 евра преку брз трансфер, но не го пријавила приходот и не поднела задолжителна даночна пријава до Управата за јавни приходи. На тој начин таа избегнала да плати данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот остварен доход или 267.721 денар, а за што била законски обврзана, инфомира МВР.

Со ваквото дејствие таа го оштетила Буџетот на Република Македонија за износ од 267.721 денар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.