Две машки лица се повредени изутрината околу 5 часот и 10 минути кога со возилото излетале од коловозот на локалниот пат Тетово-Требош, информираат од полицијата. Незгодата се случила во близина на Требошки надвозник.

Денеска (23 септември) околу 5 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Тетово-Требош, во близина на Требошкиот надвозник, патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(41) од тетовско Теарце, излетало од коловоз. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Х.(29) од тетовско Глоѓи со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.