Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ го уапсиле Н.Р.(57) од Скопје. При преглед во возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.
Како што информира МВР, Н.Р. е приведен на локалниот пат Прдејци – Смоквица и бил задржан во полициска станица. Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Н.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.