Тројца мигранти од вкупно 16 се повредени откако С.М. (23) од БиХ, со привремен престој во Скопје, бегајќи од полициска патрола најпрвин удрил во рампа на наплатната станица Смоквица, а откако продолжил со движење удрил во столб во селото Негорци.

Како што информираа од СВР Струмица, вчера околу 19:45 часот на автопатот Скопје-Гевгелија тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувајќи 16 мигранти.

Повредените мигранти биле пренесени во болницата во Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на полицијата.

С.М. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.