Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска од скопско Јурумлери, која трет ден се води за исчезната. Според семејството, трагата ѝ се губи во Лисиче кога оди кон Вардар, информација која ја добиваат по преглед на камерите. Велат никогаш не се качила во автобус, тргнала пешки.

Семејството посочува дека е семејна жена, која немала никакви здравствени проблеми. За медиумите посочија дека била одговорна и не била конфликтна личност. Засега ниту тие не можат ни да претпостават што се случило со Лидија.

Познато е само дека освен теренска обиколка, информативни разговори, преглед на камери – пребарувано е и со дронови.

Имало и обид за изнуда на пари од семејството. Им пристигнала порака во која се бараат 500 евра во замена за информација за тоа каде се наоѓа Лидија. Според информациите на „24 инфо“, полицијата веднаш открила за кого се работи со вештачење на телефонот и откриваат дека се работи за човек со криминално досие, затвореник за убиство, меѓу останатите кривични дела.

Лидија ја нема од петокот наутро, 8 ноември. На себе имала зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.

Семејството ги повикува сите граѓани кои евентуално ја забележале или имаат информации кои би помогнале да се расветли случајот, да го контактираат нив на бројот 071 345 208 или полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.