Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги денеска околу 18 часот на улица „Маршал Тито“ во Штип го лишиле од слобода Ф. Ш. (39) од Зрновци, кој бил баран со потерница по наредба од КПУ Затвор Куманово за доиздржување на затворска казна.

Како што информираат од МВР, Ф.Ш. бил осуден на казна затвор од 2 години и 5 месеци за сторено кривично дело по член 144 став 3 и 378 став 3 од КЗ на РСМ, а за доиздржување имал 1 година, 1 месец и 18 дена. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.