Косовската полиција, конкретно единицата од Управата за меѓународна соработка во владеењето на правото при полицијата на Косово (ФАСТ/FAST), вчера во Урошевац уапсила државјанин на Република Македонија по кого била распишана меѓународна потерница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното соопштение на косовската полиција се наведува дека 50-годишниот македонски државјанин, со иницијали Х.Ф., е уапсен во заедничка акција на ФАСТ со единицата за истрага на наркотици во Урошевац.

На 14.10.2024 година, во градот Урошевац, од страна на Управата за меѓународна полициска соработка на КП, поточно единицата ФАСТ, поддржана од одделението за истрага на наркотици во Урошевац, е извршена координирана полициска акција, при што е приведен граѓанинот од Македонија со иницијали Х.Ф., (година на раѓање 1974), кој со меѓународна потерница од Република Македонија е баран за издржување казна затвор во траење од шест години, се наведува во соопштението.

По завршување на постапките, со решение на Специјалното обвинителство, осомничениот е испратен во полициски притвор во траење од 48 часа, за да продолжи со другите законски постапки, информираат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.