Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода А.М.(38) од Битола, осомничен за извршена тешка кражба во РЕК Битола, од каде се одземени ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК Битола.

Пронајдените предмети се вратени на сопственикот, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР.

А.М. бил приведен на стариот пат Прилеп – Битола додека управувал патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.