На 13.09.2022 во 16.10 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје полициски службеници го привеле Д.Ј.(40) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето е предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.