На граничен премин Долно Блаце, денеска околу 10 часот полициски службеници го лишиле од слобода С.Х.(55) од Косово.
Тој управувал минибус на релација Косово – Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп.
За случајот бил известен Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север, а лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.