Рано утринава, на граничниот премин Долно Блаце бил уапсен државјанин на Косово, кој бил баран со меѓународна потерница издадена од Германија.
На 18.10.2022 во 01.40 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода K.A.(32) од Косово, затоа што бил баран со меѓународна потерница на Интерпол-Визбаден Германија – информираат од МВР.
Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.