Вчера (12 април) во 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на крстосницата на улиците „18 Ноември“ и „Београдска“ во Гостивар, патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од косовскиот државјанин со престој во Гостивар Е.Х.(25), удрило во малолетен пешак од Гостивар.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.