Вчеравечер околу 22 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот косовски државјанин Е.Б., кој непријавено престојувал на подрачјето, а кој половина час пред тоа бил пријавен од неговиот помлад брат дека него и нивната мајка физички ги нападнал.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.