На 19 декември во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле мајката М.С.(19) од Скопје и ја лишиле од слобода, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе следуваат соодветни пријави.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.