Едно од двете лица кои се повредени во престрелката во „Ист гејт“ е  Раде Трајковски – Штекли. Тој е познат во криминалните кругови во Скопје и се врати на местото на злосторството бидејќи пред два месеци беше ранет во истиот трговски центар во подземните гаражи.


Тогаш Штекли имаше среќа да побегне, но сега неговите противници го ранија и се наоѓа во болницата „Св.Наум Охридски“.

Но, кој и зошто е решен да го убие Штекли?

Има 38 години и е дел од т.н Барон криминална група од Чаир. Името го добила по кафуле во Чаир, а во неа воглавно се наоѓаат повратници од боиштата од Сирија и Ирак.

Раде Трајковски – Штекли се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, а пред една година беше екстрадиран во  Македонија за да издржува затворска казна од шест месеци

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.