Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, до надлежниот суд доставил предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик.
Како што соопштија од Јавното обвинителство, против 29-годишен скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 април, во својот автомобил држел оружје и муниција, два полуавтоматски пиштоли и 20 куршуми, без да поседува дозвола за нив.
Кога полициски службеници на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје го запреле да го легитимираат, тој се дал во бегство и од прозорецот на возилото ги фрлил пиштолите и муницијата завиткани во јакна, се појаснува во соопштението.
Во соопштението од Јавното обвинителство се додава дека Јавниот обвинител ја предложил притворската мерка, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.