Кочанчанец бил пронајден мртов во својот дом, откако паднал од мотор, но иако ја повредил главата, не сакал да оди на лекар, информираат од МВР.

На 04.03.2023 во 09.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во својот дом во Кочани бил пронајден починат Г.П.(45) со повреда на главата.

Според пријавеното, околу 00.30 часот, пред неговиот двор паднал од мотоцикл и се здобил со повреди, а со помош на сосед бил внесен во домот, но одбил да оди на лекар.

Полицајци извршиле увид, а по наредба на обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.