Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 40-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Како што информираат од Јавното обвинителство, на 27 октомври минатата година на регионалниот пат Чегране-Форино, обвинетиот при караница посегнал по опасно орудие со кое може тешко да го повреди телото или тешко да го наруши здравјето.
Тој го забележал оштетениот паркиран покрај патот и излезен од своето возило „Порше кајен“ со скопски регистарски ознаки, па го запрел својот автомобил „Тојота“ со гостиварски ознаки веднаш до него. Започнал да го навредува, а потоа од јакната извадил нож со кој замавнал кон оштетениот. Оштетеното лице веднаш влегло во својот автомобил и го напуштило местото, а настанот го пријавило во полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.