Полицискиот началник Каишиќ кој беше сведок на денешното рочиште за случајот „Вања и Панче“ рече дека грабнувачите не користеле мобилен телефон туку дека користеле радио врска, односно „моторола“.
Каишиќ потврди и дека го нема пиштолот со кој е убиено девојчето, но и дека недостига една лопата.
Информацијата дека Вања е убиена и каде е закопана началникот ја дознал од обвинетиот Влатко Кешишов. Тој сам се понудил да го однесе во селото Бразда, но да не дознае Палчо оти може да го убие.
„Самиот почна да зборува дека е лош човек, дека е нечовек, наговестуваше нешто. Во еден момент рече дека ќе ме однесе мене на едно место, да ми покаже нешто, бараше да одиме сами не сакаше да одиме со другите началници, сакаше јас и тој сами, ми рече „ако дознае Палчо ќе ме убие. Со главата ми посочи кон расфрлени перници и душеци. Дури и со рака не сакаше да покаже, покажуваше со главата кон перниците-објасни началникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.