Од денешното рочиште за убиството на Вања произлегоа многу прашања за кои засега нема одговор. Нив ги загатна началникот на полицијата Музафер Каишиќ кој рече дека му било многу чудно како извесен Гоце Трајковски му дал снимка од „цитроенот“ на Панче Жежовски од бензиска станица кај Велес.

Каишиќ напомена дека во моментот кога ја добил снимката полицијата немала никаква поврзаност помеѓу Панче Жежовски и киднапирањето на Вања Ѓорчевска.

Гоце и Александар биле старо кумство и се понудил да помогне во пронаоѓање на девојчето. Тој обезбедил и неколку снимки од камери низ Скопје.Гоце му предочил и за снимка од објект во непосредна близина каде што е грабната Вања и која би можела да го покаже моментот на кидинапирањето.

Но, кога полицијата отишла кај сопствениците на објектот да им ја дадат снимката од кобниот ден кабелот од камерата бил пресечен.

Во деновите по грабнувањето Каишиќ имал средби со Гоце и Александар и на една од нив се гледа „цитроенот“ на Панче на безниска кај Велес во кој бил и Боре Видоевски.

Кога го прашал зошто му ја дава, кој се лицата што се гледаат и каква врска има со Вања Гоце рекол.

Не знам, не знам, видете таму.

Посочи дека Александар го запознал со неговиот пријател Гоце Трајковски, кој исто така им испраќал снимки, меѓу кои и снимката од бензиската пумпа во Велес на која во возилото Цитроен на Панче Жежовски, покрај Панче се гледа и Боре Видоевски.

– Од страна на Гоце ми беа испратени многу снимки и пораки, би издвоил само една снимка која што беше специфична од возило на бензиска пумпа во Велес каде што ние немавме поим за какво возило се работи. Гоце ни ја пушти таа снимка, не ни беше јасно, вели имаше лице кое што седеше со него, не знаеме кое, рече тој, дополнувајќи дека им кажал дека снимката ја прибавил од братучед кој работел на бензинската пумпа, рече Каишиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.