Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата, казнети се 275 возачи.

Како што информираа од МВР, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 135 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.