Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 238 возачи.

Како што денеска информираа од МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 118 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.